На 29 јануари 2008 година Владата на Република Македонија и Европската Комисија го потпиша Меморандумот за разбирање за учество на Република Македонија во Програмата Култура 2007 - 2013 на Европската Заедница. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, Република Македонија стана полноправен учесник во Програмата Култура на Европската Заедница.

Меморандумот за разбирање е основен документ со кој се регулира соработката на Република Македонија и Европската Комисија во рамки на спроведувањето на Програмата Култура.

Генералниот Директорат за образование и култура на Европската Комисија (DGEAC) е одговорен за концептот и реализацијата на Програмата и директно управува со некои од активностите. Имплементацијата на трите компоненти на Програмата ја спроведува Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура ( EACEA ) која работи под контрола на Европската Комисија со седиште во Брисел (Белгија).

Програмата Култура 2007 – 2013 на национално ниво, во земјите потписнички на Меморандум за разбирање, ја спроведуваат Културно контактните точки/ККТ (Culture Contact Point's/CCP )

Културно контактната точка на Република Македонија функционира како посебно Одделение во Секторот за евроинтеграција при Министерството за култура.

Работилница на тема:

Вовед во меѓународната соработка, 4 јуни 2009 година, Хотел Холидеј Ин Скопје. Програма за работилницата

Вашето учество потврдете го на следната електронска адреса: office@ccp-macedonia.gov.mk или на телефон 3207 446 / 075 273 072 до 2 јуни 2009 година


Водич низ Програмата за култура 2007 – 2013 на македонски јазик (декември 2008 година)

Заинтересираните културни оператори Водич низ Програмата за култура 2007 – 2013 на македонски јазик можат да го подигнат во Канцеларијата на ККТ Македонија



 
Инфо ден за Програмата Култура 2007–2013 година, 11 јуни 2009 година, Брисел