ККТ Македонија во соработка со ККТ Германија организира семинар на тема:
Програма Култура 2007 – 2013 – Инструкции за повикот за аплицирање
Семинарот ќе се одржи на 16 јуни 2008 година со почеток во 9.30 часот во Центарот за конференции и студии на Британскиот Совет (Н.У. Универзитетска библиотека - Св. Климент Охридски) во Скопје, во организација на Културно контактната точка (ККТ) за Програмата Култура 2007 – 2013 на Европската Заедница на Република Македонија при Министерство за култура ќе се одржи Семинар и работлници на тема: Програма култура 2007 – 2013 – Повик за аплицирање ( 2009 г. ). Семинарот и обуките ќе се реализираат под водство на г-ѓа Sabine Bornemann, проект менаџер на Културно контактната точка на СР Германија.