

Cultural contact point Macedonia - Културна контактна точка Македонија
2009 година
Во тековната 2009 година во организација на Културно Контактната точка на Македонија при Министерството за култура се реализираа следните активности во насока на промоција на Програмата Култура 2007 – 2013 на национално ниво.
Семинари, работилници и состаноци во организација на ККТ Македонија
-
Семинар и работилница за Програмата Култура 2007-2013 на тема” Вовед во мегународната соработка” 04.06.2009, Скопје. Семинарот и работилницата се реализраа во соработка со ККТ Полска ( г-ца Агата Етмановиц, Раководител на Сектор за Програми на Европската Заедница при Институт Адам Мицкиевиќ,Варшава-Полска).
-
Презентација на Програмата Култура 2007-2013 на ЕУ, 19 .6.2009 Клуб на пратеници,Скопје.Презентацијата беше наменета за директорите на културните национални установи во Република Македонија.
-
Презентација на Програмата Култура 2007-2013 на ЕУ, 6.7.2009, Клуб на пратеници,Скопје.Презентацијата беше наменета за градоначалниците и советниците за култура при единиците на локалната самоуправа/општините во Република Македонија.
-
Презентација на Програмата Култура 2007-2013 на ЕУ, 10.7.2009,Клуб на пратеници,Скопје.Презентацијата беше наменета за претставниците од државните и приватните универзитети од Република Македонија ( катедрите за култура, уметност и дизајн)
-
Семинар и работилница на која беше презентирана и електронскaта он-лајн апликација. Работилницата се одржа во соработка со ККТ Велика Британија и Раководителот на Програмите на Европската Заедница (Институт Адам Мицкиевиќ, Варшава Полска), 03.09. 2009 година во Британскиот Совет (Н.У. Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски), Скопје.
-
Семинар на тема “Програма Култура 2007 – 2013 на ЕУ, Компонента 1: Дел.1.2.2 Литературни преводи и Дел.1.3 Соработка со трети земји”, 09.11.2009, Клуб на пратеници, Скопје. Семинарот беше наменет за издавачките куќи (потенцијални квалификувани апликанти за Дел.1.2.2) и останатите културни оператори ( Дел 1.3 Соработка со трети земји). На семинарот беа презентирани успешните проекти од РМ за 2009 година: Литературни преводи ( издавачки куќи Или Или, Магор и Темплум) и Дел 1.3: Пијано: Рефлексијата на пијаното врз европската култура ( Државно музичко училиште – Битола). Семинарот се во соработка со Културно контактната точка на Хрватска ( Ања Јелавиќ, проект менаџер)
Семинари и работилници во организација на заинтересираните страни
-
Презентација-семинар за Програмата Култура од страна на ККТ Македонија и ККТ Словенија на покана на претставниците на Номад танц академијата ( Nomad Dance Academy) , во рамки на повеќегодишниот проект “Jardin d' Europe”, поддржан од Програмата Култура 2007 – 2013, 22- 23.06 2009, Љубљана. На семинарот покрај генералната презентација за Програмата, беа претставени условите и критериумите за подготовка на Проект апликација за дел: 1.2.1 Мерки на соработка.
-
Реализирана билатерална средба/ Training for trainers меѓу ККТ Македонија и ККТ Словенија, со цел да се пренесат позитивните искуства од функционирањето на ККТ Словенија, 24.06.2009
-
Семинар и работилница на тема Програмата Култура 2007 – 2013 ( Дел 1.2.1, Дел.1.3 Соработка со трети земји и електронска апликација), 23- 24.11.2009, Штип. Семинарот се реализираше на покана на Музејот и завод – Штип во соработка со “Регионалниот бизнис центар Скопје”и Холандската организација за развој ЕСНВ. Семинарот беше наменет за културните работници од Музејот во Штип, претставнци од локалната самоуправа во Штип и Униврзитетот Гоце Делчев од Штип.
Трет неформален состанок на Културно Контактните Точки за Програмата Култура на ЕУ, 04-05 9.2009, ЕУ Инфо Центар, Скопје
На предлог на Културно Контактната Точка на Македонија при Министерството за Култура на 4 и 5 септември 2009 година во ЕУ Инфо Ценарот во Скопје се одржа Трет неформален состанок на ККТ за Програмата Култура на ЕУ. Организацијата на состанокот беше поддржана од останатите Културно Контактни Точки, од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската Комисија, Европската Комисија - Директорат за образование и култура ( Одделение за култура) и од Делегацијата на Европската Комисија во Скопје.
Состанокот се одржа паралелно со настанот 14 едиција на Медитеранско биенале на млади ументици од Европа и Медитеранот ( 3 -12 септември, Скопје), проект поддржан од Програмата Култура Дел 1.2.1 во рамки на повикот за 2009 година.
Состанокот започна со сесијата Земјите од Западен Балкан и Програмата Култура на ЕУ на која се обрати бившиот комесар за Образование, култура, млади и обука на Европската комисија, г-дин Јан Фигел и Министерот за култура г-ѓа Елизабета Канческа – Милевска. Аспектите на културната соработка кои го поддржуваат процесот на создавање на проекти во рамки на Програмата Кулутра беа во фокусот на состанокот и тоа почнувајќи со можноситите за меѓународна културната соработка во земјите од Западен Балкан, Медитреанот, Европа и пошироко, регионалнат културна соработка, регионалните иницијативи, соработка меѓу регионите па се до современи механизми кои поддржуваат културна соработка – он-лајн механизми за култура соработка. За време на состанокот беа презентирани и други можности за финасирање на проекти поддржани од Програмата Култура особено во регионот на Западен Балкан (Швајцарска програма за културна соработка во земјите на Западен Балкан) и примери на успешни проекти поддржани од Програмата Култура во кои се вклучени културни оператори од РМ : 14 едиција на биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот - Седум порти ( НВО АММС), Граднина на Европа (НВО Локомотива).
Интерниот дел на состанокот беше фокусиран на повикот за аплицирање за 2010 година (новата електронска апликација) Компонента 1 и Компонента 2, детално презентирани од страна на претставниците на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура ( Одделение за култура); ККТ блог - презентација и обука за користење на ново средство за комуникација меѓу ККТ; е-формата и Програмата Култура по 2013 година.