Општи и конкретни прашања
Каков вид на културни оператори/апликанти може да учествуваат во Програмата Култура 2007 – 2013?
Како апликанти за учество во Програмата Култура 2007 – 2013 може да се пријави јавно или приватно тело кое има легален статус (поединци не може да учествуваат во програмата). Од нив се бара да го докажат на основа на нивниот статус и поднесениот извештај за активностите, своето активно учество во културната сфера (културни и креативни сектори). Воедно, нивното седиште мора да биде регистрирано во земјата која учествува во Програмата. Покрај наведеното, универзитетите, локалните здруженија, музеите или приватните институции исто така може да аплицираат на Повиците за аплицирање.
Кои земји може да партиципираат во Програмата Култура 2007?
Апликантите мора да го имаат правно регистрирано својот статус и седиште во една од земјите кои имаат поноправно учество во Програмата, а тоа се следните:
- 27 те земји членки на ЕУ
- 3 те земји на Европската економска област ( Норвешка, Линхенштајн и Исланд)
- 3 те земји со кандидадски статус ( Турција, Хрватска и Македонија)
- Земјите од Западен Балкан ( Србија )
Апликантите се задолжени за дополнителни информации да контактираат со Агенцијата за настаните кои се однесуваат на овие земји.
Колку земји минимум се потребни за еден проект?
За повеќе годишните проекти (дел1.1) се потребни најмалку 6 културни оператори од најмалку 6 различни држави кои учествуваат во Програмата.
За годишните проекти (дел 1.2.1.) се потребни најмалку 3 културни оператори од најмалку 3 различни земји кои учествуваат во Програмата.
Постои ли можност Европската Комисија да наведе детални објаснувања за причините на одбиениот проект, како и да ги информира апликантите за бодувањето на проектите?
Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика ( Агенција ) е во постапка на воспоставување на ИТ состав, кој ќе им овозможи на нашите служби во најкус временски период да им достават опширни информации на подносителите на проектот кои не успеале да поминат на конкурсот.
Што треба да знаат земјите кои учествуваат во програмата за земјите кандидатки и земјите од Западен Балкан? Ќе биде полесно доколку Агенцијата објави попис на земји кои потпишале Меморандум за разбирање?
Информации за статусот на земјите кандидатки и земјите на Западен Балкан се објавени на службените страници на Агенцијата, како и на страниците на Европската Комисија (ЕК). Тие информации редовно ќе се ажурираат.
Како може да се добијат информации за проекти кои биле финансирани од Културните програми во изминатите години?
Информации за проектите кои добиле средства под Културните програми во периодот од 2000 – 2007 може да се најдат на следниве интернет адреси:
http://ec.europa.eu/culture/eac/culture2000/project_annuel/projects1_en.html
http://ec.europa.eu/culture/eac/culture2000/pluriannuel/projects2_en.html
А може да се консултира и следнава база на податоци: http://cupid.culture.info/
На кој начин може да се пронајде партнер за да се изгради еден проект?
Треба да се исконатктира Културната контактна точка (ККТ) во матичната земја, а комплетна листа на партнери може да се најде на следната адреса:
http://ec.europa.eu/culture/eac/culture2007/contacts/national_pts_en.html
За понатамошни информации може да се консултира веб страната на базата на податоци на Културно контактните точки ( CCP partner search data base ):
кликнете овде
Корисниците во поглед на извештаите се обврзани да ги објават постигнатите резултати на активностите финансирани со поддршка на ЕК. Финалниот извештај мора да содржи доказ за истото. Како? На начин на кој што корисниците ќе организираат конференции за печат, ќе објавуваат текстови во новини и сл., или е доволно само да се внесе проектот на дадени веб страни и во публикации?
Успешните организации ќе бидат обврзани да докажат дека ги спровеле сите активности на некој проект, притоа наведувајќи го износот на поддршката од ЕК во рамки на програмата Култура. Сите технички податоци за известувањето за проектот се приложени покрај општите услови на договорот и не се однесуваат на апликантот во фазата на поднесувањето на предлог проектот.
Во случај на молба/барање за Рамковен договор за партнерство, кои детали се потребни за план на активности за 2009 и 2010 година?
Не се очекува исто ниво на податоци за годините 2009 и 2010 година како за 2008 година. На пример за 2008 година, апликантите требаше да презентираат детална Програма на активности како и детален буџет. Тригодишниот план на активности мора да оддава разумна стратегиска идеа за организацијата која би била сместена во редот на главни активности. Тригодишниот план на активности треба да ја рефлектира согласноста на веќе поставените критериуми за наградување.
Дали апликантот може да поднесе две грант апликации ако една од нив се оденсува на Рамковен партнерски договор и за годишни активности?
Ако организацијата сака да поднесе молба за Рамковен партнерски договор и за Годишен оперативен грант, доволна е само една апликација. Формуларот за апликација треа да биде подготвен во насока на поедноставување на процесот. Апликантот едноставно треба да ги пополни полињата и да го идентификува предлогот кој го доставува. ( 2 стр. на Апликациониот формулар). Во случајот за Рамковен партнерски договор апликантот треба да го пополни заедно со другите делови на формуларот за апликација ( Секција 2, Акционен План ( 2008 – 2010) од Делот 2.
Категорија Амбасадор – како се објаснува терминот "Активностите на телото", тоа мора физички да биде претставено во најмалку седум држави кои партиципираат во Програмата
Проектните активности поднесени од апликантот под категоријата Амбасадор треба директно да бидат поврзани со предложените активности и да кореспондираат со дефиницијата и инструкциите дадени во специфкациите, и да ја исполнуваат потребната правна основа/потврда.
На пример, за оркестар, активностите го покриваат патувањето/престојот/настапот изведено од оркестарот во различни држави кои партиципираат во програмата Култура, потоа аудицијата за селекција на музичари, обуките на музичарите итн. Овие дозволени активности мора се реализираат во најмалку 7 земји кои партиципираат во Програмата Култура.
Дали времетрањето на проектите предложени според критериумите на Дел.1.2.1 треба да траат најмногу 24 месеци. Постои ли најкус рок на траење?
Не постои најкус времнски рок на траење на проектите ( стр. 7 во “Не смее да траат повеќе од 24 месеци)
Финансиски и правни услови
“Гаранција” – вид на проект 1.1; услови: страница 18: “Агенцијата може да побара било која организација на која и е доделена поддршка однапред да даде гаранција, како би се намалила можноста за финансиски ризик во поглед на предлогот на проектот”. Во дел. 1.1 и дел 1.2.1, поглавје 7.3, спротивно на праксата во досегашните повици е наведена потреба од гаранција за поддршка над 300.000 евра. Во овие повици за секој проект може да се побара доставување на гаранција?
Колку што ни е нам познато, сеуште детално не се дефинирани условите со кои поединечно ќе се докаже финансиската способност. Во тој случај подносителите на проектниот предлог се должни да дадат гаранција за вредноста на износот на предлог - проектот. Тоа би довело до ситуации во кои проектот би се сметал за успешен во секој поглед, но без можност да биде финансиран, бидејќи тешко е да се замисли дека било која невладина организација ( НВО) е во можност да обезбеди гаранција на банка во износ на пример од 140.000 евра.
Условот кој се однесува на гаранцијата добиена од банката (eng. BANK GUARANTEE) не зависи од износот на поддршката на ЕУ. Со други зборови, потребата за поддршка од ЕУ не е од пресудна важност за одлуката за финансиска способност на подносителот на проектниот предлог.
Вредностите и конкурсите кои се прифаќаат и одредуваат со помош на библиографија се користат како експлицитни критериуми, како финансиска независност, профитабилност, способност на кофинансирање, способност на управување (непрофитабилни).
Исто така се разгледува и способноста на кофинансирање. Доколу вкупниот износ на трошоците на некоја организација спрема износот на губитокот и добивката се значително помали од вредноста искажана како самофинансирање, односно финансирање на издатоци кое го спровела организацијата задолжена за спроведување на проектите – тоа ќе влијае на евалуацијата на способноста на таа организација да со споменатиот износ придонесе за предвидените активности и нивното спроведување. При подготовката на предлог пресметките не треба да се занемари правилото на умереност и точност.
Поими со кои се одредува статусот на поднесителите на проектните предлози:
Се користат различни поими кога се говори за организации кои ги исполнуваат конкурсните критериуми за добивање на средства. Понекогаш во документите се бара “правниот статус / eng. legal status но исто така и прaвниот субјект / legal personality / legal entity . Овие поими имаат различни значења па еве ги и подеталните објаснувања на истите – eng. legal status, legal personality,legal entity, legal person.
Статусот на некоја организација одреден е со закон врз основа на кој таа организација делува и работи. Англиските поими LEGAL PERSONALITY и LEGAL ENTITY се синоними. Двата поими подразбираат способност на правното тело (eng. Legal body) да склучува договори (со други организации или поединци), да превзема финансиски обврски и исплаќа долгови. Ова правно тело мора да биде одвоено (правен статус) од своите членови кои се занимаваат со работењето. Eng. Legal person (правна личност) е правно тело (eng. Legal body) на кое со закон му се овозможува превземање на правните работи.
Пресметка – додатоци – Апликација 1.1, поглавје 6:
разни трошоци врзани за проектните активности 6д) Надомест за научен и технички кадар: Колона Ц:" Име на одговорното лице". За разлика од поглавјето 1 – издатоци за персоналот, скоро е невозможно да се претпостави кое ќе биде лицето кое во 2008 година во театарот во текот на претставата ќе биде задолжена за осветлувањето. Исто така не е познато дали воопшто ќе биде достапно. Поради тоа предложуваме во поглавјето 6 да се спомене функцијата која ќе ја има тоа лице, а не неговото име?
Доколку имињата на научниот / техничкиот персонал не се познати, истите не се наведуваат. Ве молиме да го видите Водичот за проекти од делот 1.1 (страница 18, точка 6). Доколку исите лица во организацијата обавуваат различни работи (управувања и слично), мора јасно да се назначи за кого се работи, временскиот рок на ангажманот и неговите обврски. Од таа причина каде што е потребно мора да се оправдаат издатоците за персоналот, заедно со приложените документи како: опис на работата, работното време, итн.
Покрај датотеката во Excel, која се наоѓа во рамките на апликациите за деловите 1.1 и 1.2.1 од Програмата Култура, а која дава попис на висината на трошоците за патувања и дневници, постојат ли некои други прописи за износот на дневниците?
Не постојат други прописи за износот на дневниците. Ве молиме да го погледате соодветниот дел во водичот, трет дел (Податоци за проектот).
Може ли времето кое персоналот го потрошило за работа (анг. Staff time) да се прикаже како допринос од 5%, а не како дел од останатите направени трошоци?
Придонесот во натура не се признава – на пр. ако е прикажан во облик на потрошено време, и тоа од страна на персонaлот. Делот на минималниот 5% износ неопходен за финансиско работење може да се покрие преку трошoците на персоналот (работни налози, картици за упис на доаѓања и излегувања на работа, поважни сметки итн.) Некоја активност може да донесе заработка преку: продажба на карти, трошоци за регистрирање продажба на сопствени изданија и друго ( како авторските права, користење на база на податоци итн.)
Врзано за трошоците кои не се однесуваат на персоналот, дали е можна следната ситуација: печатница сака да му подари на некој проект, готовински износ кој ќе се префрли на банковната сметка на проектот?
Доколку дојде до споментата ситуација, парите во тој случај ќе се сметаат за собрани средства (raised funds) и постануваат дел од самофинасирањето на примателот на подарениот износ. Подарок не се смета за ПРИХОД ОД ПРОЕКТОТ (eng. Income generated by the project) бидејќи не постои интеракција помеѓу проектот (неговите резултати) и причини за доделување на подарокот.
Проектот ангажира иста печатница за печатење весници со распоред на некој настан, таа потоа го доставува на сметката на проектот и проектот ја плаќа доставената сметка.
Овде се работи за случајот за набавка со достава на фактура на база на веќе склучен договор (eng. Subcontracting procurement). Ве молиме да го видите договорот за поддршка, член II.9
Коорганизаторите/ партнерите кои ги задоволуваат критериумите може ли тие организации да бидат профитабилни ( доколку работат како непрофитабилни, а проектот не може да оствари добивка)?
Коорганизаторите и партнерите може да остварат добивка доколку одговараат на условите кои се споменуваат во повиците за проектите 1.1 и 1.2.1, како и во делот за Техничките критериуми 1. Вовед: "Програмата е отворена за сите културни оператори освен операторите од аудиовизуелниот сектор, вклучувајќи ги и културните претпријатија (eng. Cultural Enterprises) кои делуваат како непрофитабилни."
Кои правила важат за паричните износи кои се доделуваат на таквите партнери ако тие се од:
а) земјите учеснички на Програмата Култура, и
б) земјите кои немаат полноправно учество во Програмата?
Може ли за плаќањето на трошоците врзани за нивното работење да се користат изворите на ЕУ? Може ли за плаќањето на трошоците врзани за нивното работење да се користат преостанатите 50% од остварениот приход?
Придружниот партнер (eng. Associated partner) е организација која помага при изведбата на проектните активности. Трошоците на придружниот партнер нема да се признаат освен во случај да ги плати координатор или ко-организаторот во облик на рефундирање на средствата на придружната партнерската организација. Треба да се обрне внимание на правилата во меѓусебните договори.
Трошоците направени од страна на организаторот на проектот и коорганизаторите како на придружниот партнер односно на земјите учеснички во Програмата и земјите кои немаат полноправно учество во Програмата, а кои се однесуваат на покривање на трошоците на организацијата или поединците со статус на придружни партнери имаат право на износ најмногу до 15% од вкупниот буџет на проектот, Поддршката од ЕУ не покрива поедини трошоци за проектите туку трошоци прикажани во целост.
Со колкав процент од буџетот може да учествуваат третите земји (земјите кои немаат полноправно учество во Програмата Култура 2007)?
Трошокот кој се однесува на земјите од третиот регион не смее да изнесува повеќе од 15% од вкупниот буџет на проектот. Вреди да се нагласи дека трошоците на земјите од третиот регион кои се јавуваат во улога на асоцијативни партнери ќе се призанаат само во случај ако се рефундирани од координаторот и/или ко-организаторот.
Дали правилото на минимални 5% самофинансирање за апликантите однсоно организаторите на проектот е укинато? И во овој случај како тоа би влијаело за потврда на критериумот за "вистинско партнерство" меѓу апликантите на проектот (координаторот и коорганизаторите)?
Правилото за самофинансирање од минимум 5% (финансиска контрибуција на координаторот и на секој од коорганизаторите ) е укинато и не влијае директно врз потврдата за вистинско партнерство кое се базира на суштинските врдности на европската соработка. Партнерството се спроведува согласно улогите на организаторот/координаторот и коорганизаторите.
Координаторот (водечкиот партнер на проектот) мора да има водечка -координирачка улога, како и специфична и суштинска улога во креирањето на дизајнот, имплементацијата и финансирањето на проектот. Ова значи дека тој мора да го докаже својот придонес во дизајнот, координацијата и имплементацијата на проектните активности, како и да го гарантира финансиското учество со сопствените или позајмените, обезбедени фондови. Врз основа на тоа, организаторот е легален потписник на Договорот за грант од ЕУ во име на сите коорганизатори.
Во случајот на ко-организатор на проектот, културниот оператор мора исто така да биде вклучен во дизајнот, имплементацијата и финасиската конструкција на проектот. Самите критериуми за евалуација/наградување го потвруваат ова. сто Нивото на меѓусебна соработка исто така има важна улога при евалуацијата на предлог проектите. Евидентно е дека интеракцијата меѓу партнерите е од есенцијално значење. Соработката меѓу организаторот/носителот на проектот и ко-организаторите треба да е добро претставена и при описот на проектните активности со цел јасно да биде дефинирана контрибуцијата на секој ко-организатор на проектот и секако истото да биде потврдено и во финансискиот план на проектот. Ко-организаторот не претставува само сервис кој ги спроведува активностите на проектот.
Како да ја разјасниме улогата на координаторот, коорганизаторите и асоцијативните партнери после укинивањето на одредбата за 5% учество?
И покрај елиминајата на 5% самофинансирање на координаторот/ носителот на проектот и коорганизаторите, разликата меѓу координаторот, коорганизаторот и асоцијативниот партнер останува.
Уолгата на координаторот и коорганизаторот се наведени одговорот на претходното прашање додека за да биде асоцијативен партнер, културниот оператор исто така треба да учествува во дизајнот, имплементацијата на пороектните активности но, не на исто ниво како ко-организаторот. Асоцијативниот партнер нема обврска да ги исполнува условите на ко-организторот.
Трошоците на асоцијативните партнери не се оправдани доколку тие директно не се платени или рефундирани од страна на координаторот или ко-организаторот.
Како се третираат трошоците за конференции/семинари/работилници?
Во активност каде проектот содржи конференции, семинари и работилници, во Excel формуларот за буџетот треба да се внесат овие трошоци.
Секоја колона во табелата треба да се пополни соодветно (на пример број на учесници/денови/фиксни ставки по држава). Вкупната сума се калкулира автоматски. Доколку бројката од 400 учесници (ден) за сел 1.2.1 и 1500 за дел 1.1 не се почитува во тој случај колоната се блокира и се добива вкупна сума од 0.
Фиксните ставки по држава се наоѓаат во посебни табели. Овде се забележуваат две фиксни ставки: локални - за учесниците кои се стационирани во државата и интернационални - за оние учесници кои патуваат во други држави. Фиксните ставки ги вклучуваат сите трошоци кои се однесуваат на организацијата на конференција/семинар/работилница.
Со која динамика/како ЕК ја префрла финансиската контрибуција/грантот?
Пример: За мулти – годишните проекти (дел 1.1) сумата и процентот на предисплата зависи од времетраењето на проектот (3 до 5 години). Во секој случај предисплатата изнесува 80% од одобрениот грант на ЕК (останатите 20% се исплаќаат на крајот на проектот и по поднесувањето на финалниот извештај.
Независно на висината на буџетот на проектите, основните принципи остануваат исти
Целосната исплата се прави во рок од 45 дена од потпишувањето на Договорот за грант со Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика.
Остатокот од исплатата се прави во рок од 45 дена од поднесувањето на молбата/барањето на координаторот и по доставувањето на тековниот извештај за имплементацијата на проектот како и финансиската состојба на изложените дозволени трошоци.
Забелешка: Само еден услов влијае за понатамошна предвремна исплата. Таа нема да се реализира ако најмалку 70% од предвремено префлените средства од страна на ЕК се веќе искоритесни.
Темпото на второ или трето предисплаќање зависи од развојот на самиот проект и сумата на оправдани трошоци. Дефинираниот износ на ЕК контрибуција за повеќегодините проекти од 200 000 до 500 000 евра за една година секако дека се почитува.
Тоа значи дека добро планираниот проект мора добро да ги дефинира проектните активности кои треба да се реализираат во периодот одреден за негова имплентација и при тоа да се наведат трошоците кои се потребни за спроведување на дадени активности. ( табела за буџетот, 2 дел )
1. Дали е можно културниот оператор кој се пријавил со проект во рамки на делот 2 на Програмата Култура 2007 исто така да аплицира со проект кој би бил финансиран доколу е одоборен во рамки на Повикот за аплицирање во рамки на Дел. 1.?
Да, може доколку:
Во проектот од Дел 1. не ги пријават оперативните трошоци кои веќе се финасирани преку Дел. 2. и доколку предложат проект/активност која не е дел од нивната годишна работна програма.
Апликантите треба да обратат внимание на прашањето за двојно финансирање од ЕУ фондови, бидејќи ист проект нема можност да добие средства од два или повеќе фондови на ЕУ. Тоа е илегално според правилата на финасиска регулатива на ЕК.
Значи, активностите ко-финансирани преку Повикот за аплицирање не смеат да бидат финансирани од други фондови на ЕУ. Токму заради тоа апликантите се обврзани да обезбедат информации во проектната апликација дали добиле други европски грантови или се во процес на добивање. Истото се однесува и на средствата добиени преку друга апликација поднесена до Европската Комисија или други фондови во текот на истата година.
2. Дали е можно културниот оператор на кој му е одобрен проект во делот 1.1 или 1.2.1 на Програмата Култура 2007 исто така да аплицира со проект кој би бил финансиран преку пријавување на Повикот за оваа година?
Координаторот или ко-организаторот на повеќегодишен проект финансиран преку минатогодишниот повик не е дозволено да биде координатор на повеќе годишен или годишен проект во рамки на овогодишниот Повик за аплицирање.
Во случај на повеќегодишните проекти, може ли да се предложи проект кој е во прогрес во смисол на содржина и на ко –организатори, како и на партнерски организации остануа ист со времетраење подолго од она кое што е дефинирано за повеќегодишните проекти, од 3 – 5 години?
Не смееме да заборавиме дека проектите се евалуирани и селектирани на база на иницијален прелог и дека се одобрени врз основа на конкуренција со другите доставени проекти. Ќе биде нефер натпревар ако постепено ЕК фондовите се употребуваат за финансирање на проект кој постепено се развива во проект кој е поразличен од иницијално одобрениот проект.
Јасно е дека Делот 1 од апликацијата во кој се доставуваат информации за проектот (пр: листа на коорганизатори, кратка содржина, детален опис и сл.), како анекс претставува интегрален дел на Грант договорот, во случај ако проектот е селектиран за ЕК ко-финансирње. Концептот и описот на проектните активности, како и листата на ко-организатори се регистрирани врз основа на договори за соработка кои произлегуваат од Грант договорот. Грант договорот остава можност за идни амандмани доколку тие се оправдани од страна на координаторот и претходно прифатени од страна на Агенцијата.
Предлозите мора да бидат доставени навреме и секако разбирливо е дека проектот може да има потреби за нови активности во иднина но, само доколку се издржани и навистина оправдани
Книжевни преводи
Претходните повици поддржуваа два вида на проекти од подрачјето на книжевни преводи (белетристика) и преводи на дела од подрачјето на европските хуманистички науки. Дали тоа ќе се менува или дали може да се пријави на конкурс проект кој ќе се состои од двете горенаведени категории?
Програмата Култура (2007-2013) не предвидува поддршка од Заедницата за проекти научни преводи.
Работата на преводот не смее да започне пред датумот наведен во договорот потпишан со Агенцијата. Меѓутоа издавачот и преведувачите смеат да потпишат договор и пред тој датум, се додека неговото потпишување не се коси со објавата на повикот во Службениот гласник на Европската Унија. Во пописот се бара фотокопија од договорот помеѓу издавачот и преведувачот. Дали е задолжително склучување на таков договор?
Важечки датум е датумот на објавувањето Повик за аплицирање за наредната година. Задолжително е приложување на фотокопија на договорот помеѓу издавачот и преведувачот.
Може ли наместо фотокопија од договорот за авторски права за преводот да се достави писмо со намерата на сопственикот на авторските права со кое се изјавува дека договор за авторските права за преводот ќе биде склучен доколку на истиот му биде доделена поддршката на Комисијата?
Важечки е само договор потпишан од страна на сопственикот на авторските права.
Посебно се бара изворниот примерок на секое преведено дело (фотокопиите не се валидни). Понекогаш и на самите издавачи им е тешко да обезбедат оригинален примерок бидејќи најчесто на располагање немаат повеќе од еден оргинален примерок.
Потребно е да се достават примероци на веќе објавените верзии на преводите. Се прифаќаат фотокопии само на многу стари и ретки книги кои веќе не се достапни во печатени или некои други изданија.
Техничките критериуми 1.2.2, англиската верзија, фуснота 10 (одговараат ли на зададаените критериуми) авторите кои се државјани на земјата учесничка во програмата. Техничките критериуми 1.2.2, француска верзија, фуснота 9: " Националноста на авторот кој доаѓа од земјата учесничка на Програмата". Постои ли јасна разлика помеѓу поимите националност и државјанство ?
Под националност, fr. nationalite и државјанство, eng. citizenship се подрзабира земјата која се наведува во патната исправа на авторот.
Издавачката куќа прашува дали може да се пријават два проекта еден кој се однесува на преводите на книжевните дела од современите автори , а други на преводите на дела од класичната филологија. Треба ли во тој случај да се достават две апликации или една (со најмногу десет дела)?
Ќе се прифати само една апликација со најмногу десет книги.
Активности кои одговараат на критеримите на конкурсот:
преводи на книжевни дела ... и преводи на класични текстови кои се сметаат за дел од европското книжевно наследство (вклучувајќи ги јазиците на класичната филологија како старогрчкиот и латинскиот одговараат на критериумите на конкурсот. Значи ли тоа дека може да се преведе и трубадурска книжевност (анг. troubadour texts). Што е со старословенските јазици?
Малтешкиот јазик се смета за национален јазик, додека англискиот за службен јазик во Малта, како и малтешки. Што ако пријавуваме преводи од малтешки на англиски?
"Европското средновековно книжевно наследство" - може ли да се преведат дела на средновековен латински јазик и регионалните јазици на некои земји? Дали е дозволен превод од арапски и еврејски автори кои во текот на средниот век живееле и твореле во Европа?
Може да се преведат сите класични текстови, доколку истите одговараат на критериумите на конкурсот. Меѓутоа нема да се прифатат проекти кои не се во согласност со одредбата за транснационалност (односно книжевни преводи од старогрчки на новогрчки). Во склоп со Програмата Култура и сродните повици, зборот Европа во изразот европско книжевно наследство се однесува на сите земји учеснички во програмата. Старгогрчкиот и латинскиот јазик се примери на она на што се мисли кога ќе се употреби терминот "класични јазици", па ни останатите јазици кои се дел од европското книжевно наследство не се исклучени од оваа одредба.
Може ли на конкурсот да се пријави отсек на некој факултет кој се занимава со издавачка дејност?
Спрема техничките критериуми, може да се натпреваруваат само издавачи или група на издавачи. Доколку во правниот статус на факултетскиот отсек стои дека истиот е основан како издавачка куќа тогаш тоа е можно.