Културно контактната точка (ККТ) е тело преку кое се остварува имплементацијата на Културната програма во матичните земји учеснички во Програмата Култура 2007 -2013 на Европската Унија. Културно контакните точки остваруваат директна комуникација со националните авторитети, Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија, Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика на ЕУ и одржуваат меѓусебна комуникација. ККТ делува како информативна и советодавна канцеларија преку која се промовира, координира Културната Програма до граѓаните (потенцијалните корисници на Програмата, претставниците од културниот сектор ). ККТ обезбедува техничка помош за апликантите при подготовка на нивните проекти.

Цели:

  • ја промовира и координира Културната Програма на национално ниво
  • го поттикнува учеството во Програмата на што поголем број професионалци и оператори од културниот сектор и помага во процесот на аплицирање
  • создава и ажурира база на податоци на културните оператори
  • помага во процесот на умрежување на операторите http:// baroja.mcu.es/pcc
  • ги објавува /дистрибуира повиците за аплицирање објавени од страна на Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика на ЕУ (EACEA)
  • ги презентира искуствата во рамки на Културната Програма преку организирање на семинари, работилници, печатење на промотивен материјал, медиа кампањи и сл.
  • ги приближува резултатите од спроведувањето на Програмата до граѓаните на национално и локално ниво
  • овезбедува техничка помош на корисниците
  • подготвува годишни извештаи за работата на ККТ
  • остварува перманентна комуникација со Претставништвата на ЕУ во матичните земји и со националните институции одговорни за европски прашања