Концепт и активности на Културната Програма
Програмата е конципирана во три дела, подделени на следните активности:
Прв дел: Поддршка на културни активности
Втор дел: Поддршка на телата кои се активни на европско ниво во областа на културата
Трет дел: Поддршка на анализи и дисиминација на активности
Дел 1: Поддршка на културни активности/проекти
Целта на Дел 1 на Програмата Култура 2007 – 2013 е да ги поддржи културните оператори ( театри, музеи, здруженија и асоцијации од областа на културата, културните институции ( национални и локални ) , истражувачките центри, универзитетите и сл. од земјите учеснички во Културната Програмата во имплементацијата на проекти кои ја промовираат транснационалнтата соработка во областа на културата и уметноста.
Дел 1.1. Повеќегодишни проекти
Поддржани се проекти чии повеќегодишни активности стремат кон одржливост и структуирана соработка помеѓу културните оператори. Во проектите може да се вклучени и интерсекторски активности и активности од областа на културниот сектор.
Времетраењето на проектите треба да опфаќа период од 3 -5 години.
Во проектот треба да се вклучени најмалку 6 културни оператори од 6 различни земји.
Контрибуцијата на Европската Заедница изнесува 50% од вкупната сума на проектот односно од 200 000 до 500 000 евра за една година.
Предвидениот буџет на ЕУ за 2009 година за овој Дел изнесува 18. 200. 000 евра.
Дел 1.2.1: Мерки на соработка
Поддржани се проекти ( секторски или интерсекторски) со пократко време траење и помал обем од повеќе годишните проекти преку треба да се постават основите за дологодишна културна соработка. Времетрањето на проектите треба да опфаќа период од 1 – 2 години. Во проектот треба да се вклучени најмалку 3 културни оператори од три различни земји. Контрибуцијата на Европската Комисија изнесува 50% од вкупната сума на проектот односно од 50 000 до 200 000 евра за една година.
Предвидениот буџет на ЕУ за 2009 година за овој Дел изнесува 17. 049. 440 евра.
Дел 1.2.2 : Литературни преводи
Поддржани се проекти во кои може да се предложи превод на 1 – 10 книги од еден на друг јазик од земјите потписнички на Меморандум за разбирање, вклучувајќи и преводи од старогрчки и латински јазик.
Времетраењето на проектите треба да опфаќа период од 2 години. Финансиската контрибуција на Европската Комисија изнесува од 2 000 евра до 60 000 евра за една година.
Предвидениот буџет на ЕУ за 2009 година за овој Дел изнесува 2.000.000 евра.
Дел 1.3: Специјални активности ( Соработка со трети земји, Европски град на културата )
1.3 Соработка со трети земји:
Поддржани се проекти кои ќе ја промовираат и поддржат културната соработка, културната разноликост и интеркултурниот дијалог меѓу европските земји и земјите надвор од европскиот континент, како и земјите кои не се полноправни учеснички во Културната програма.
Времетраењето на проектите опфаќа период од 24 месеци. Финансиската контрибуција на ЕК изнесува до 200 000 евра за една година.
Предвидениот буџет на ЕУ за 2009 година за овој Дел изнесува 1. 024.000 евра.
Дел 2 : Поддршка на телата кои се активни на европско ниво во областа на културата (годишни и повеќегодишни проекти) поделени во три категории:
Делот 2 на Културната Програма поддржува културни организации/оператори кои работат или сакаат да работат на европско ниво согласно приоритетите на Културната Програма и културната политика на ЕУ. Овој дел се однесува на културните оператори/организации кои го промовираат значењето на заеднички искуства со вистинска европската димензија од областа на културата. Добиентиот грант преку овој Дел се однесува на перманентните активности на организациите/операторите кои се јавуваат како апликанти во даден проект, што во основа се разликува од правилата кои важат за грант апликациите на другите Делови на Програмата. Предвидениот буџет на ЕУ за 2009 година за Дел 2 изнесува 7. 100. 000
1.Културните амбасадори
Организациите кои аплицираат за повикот за културни амбасадори треба да бидат вистински претставници на европската култура со цел да ја исполнат улогата на културен амбасадор.
Финансиската контрибуција од ЕК изнесува до 600 000 евра за една година.
2.Мрежи, претставени во две подкатегории:
- советодавни мрежи
- платформи за дијалог
Во рамки на проектот потребно е да се вклучени 15 земји кои имаат полноправно учество во Културната програма, а активностите треба да се изведуваат во најмалку 10 земји, вклучени во проектот.
Финансиската контрибуција на ЕК изнесува 125 000 евра за една година
3.Фестивалите
Тела кои имаат директен импакт на европско ниво и кои егзиситираат во матичните земји повеќе од 10 години. Не се поддржани феситивали од областа на аудиовизуелна и кинематографска дејност.
ЕК контрибуира со максимум 200 000 евра за една година.
Дел 3: Поддршка на анализи и дисиминација на активности
Поддржани се проект активности ( анализи и студии ) кои се однесуваат на културната соработка во Европа и развојот на културната политика во Европа.
Атрактивни се две теми :
Културната политика во локалниот/регионалниот социоекономски развој.
Синергија меѓу културата и образованието со фокус на креативноста и иновативноста.
Во проектот треба да се влучени најмалку три културни оператори од најмалку три земји учеснички во програмата. Времетраењето на проектите изнесува од 12 – 24 месеци.
Финансиската контрибуција на ЕК изнесува до 200 000 евра за една година.