----------НОВО----------

Инфо ден за Програмата Култура 2007 – 2013 на ЕУ – Соработка меѓу културните оператори, Софија, 8 април 2011 година

Во организација на ККТ Бугарија, а во соработка со ККТ Македонија на 8 април 2011 година во Националната галерија за меѓународна уметност во Софија се одржа Инфо ден за Програмата Култура на ЕУ на тема: Соработка меѓу културните оператори. Инфо денот имаше за цел да ја Промовира Програмата Култура на ЕУ и програмските делови ( 1.2.1 и 1.3.5) како и да го презентира искуството на ККТ Македонија и ККТ Бугарија во рамки на имплементацијата на Програмата на национално ниво. Воедно Инфо деновите организирани на билатерално ниво меѓу ККТ претставуваат можност за поврзување и соработка меѓу културните оператори.  
За време на Инфо денот беа претставени два успешни проекти поддржани од Програмата Култура на ЕУ и тоа: проектот “ Средба на култури меѓу редовите”
подржан од Програмата Култура во рамки на Дел 1.3.5 Соработка со и во трети земји во кои се вклучени културни оператори од Бугарија, Романија, Србија, Родос, Ларнака и Палестина. Исто така беше претставен проектот ПЛОТС ( Местата ги поврзуваат можностите – Транзициони приказни) поддржан во рамки на Дел 1.2.1 Проекти за соработка од Програмата Култура на ЕУ. Во пректотсе вклучени организации од Италија, Македонија ( МКЦ – Скопје), Бугарија ( Театарот во Пазарџик).

----------НОВО----------

Инфо ден за Програмата Култура на ЕУ (Проекти за културна соработка), 29 април 2011 година, Струмица

* Покана - Инфо недела - Култура 2007 - 2013 (PDF)

----------НОВО----------

Вклучете се во кампањата “Ние сме повеќе” (“We are more”) на Културна акција на Европа (Culture Action Europe) во соработка со Европската фондација за култура.

Повеќе на следниве линкови:

* Euro Cult
* Culture Action Europe

Страна: 1 2 3 4 5 6