

Cultural contact point Macedonia - Културна контактна точка Македонија
----------НОВО---------- Европската Комисија и Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна дејност ја објавија новата верзија на Водичот низ Програмата Култура 2007 – 2013 од ноември 2009 година. http://ec.europa.eu/culture/calls-for-proposals/call2061_en.htm http://eacea.ec.europa.eu/culture/programme/programme_guide_en.php |
----------НОВО---------- Преводот на Водичот низ Програмата Култура 2007 – 2013 на македонски јазик е објавен во декември 2008 година. Водичот на македонски јазик не ги содржи ажурираните информации од 2009 година. При подготовка на вашите проект апликации ви препорачуваме покрај преводот на Водичот на македонски јазик да ја консулитрате новата верзија на Водичот низ Програмата Култура 2007 – 2013 од ноември 2009 година. |
----------НОВО---------- Во тек се повиците за аплицирање за Дел 1.2.2 Литературни преводи и Дел.1.3 Соработка со трети земји. При подготовка на Вашиот проект апликација консултирај те го Водичот низ Програмата Култура 2007 – 2013 на ЕУ на македонски или англиски јазик. Дел 1.2.2. Литературни преводи: Крајниот рок за доставување на проектната апликација за Дел 1.2.2: Литературни преводи е 3 фебруари 2010 година. Апликацијата со додатната документација можете да ја превземете од следната веб страна на која ќе ги најдете сите информации за процесот на аплицирање и доставувањето на апликацијата: http://eacea.ec.europa.eu/culture/funding/2010/call_strand_122_2010_en.php Дел 1.3. Соработка со трети земји Квалификуваните трети земји во рамките на оваа специјална активност на Европската Комисија се доенесени со одлуката бр. 1855/2006/ЕК на Европскиот парламент и Европскиот совет од 12 декември 2006 година За 2010 година Европската Комисија предложи културната соработка во рамки на Делот 1.3 Соработка со трети земји да се насочи кон соседните земји на ЕУ, именувани како трети земји: Ерменија, Белоросија, Египет, Грузија, Јордан, Молдова, Израел, Тунис и Украина. Пвеќе информации за повикот може да најдете на следната веб страна: http://eacea.ec.europa.eu/culture/funding/2010/call_strand_13_2010_en.php |
|
----------НОВО---------- Експерти од квалификуваните земји за учество во Програмите на Европската заедница ( Програма Култура) може да се пријават на отворениот повик за покажување на интерес со цел давање асистенција на Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при евалуација на проектите во рамки на Програмите на Европската Заедница. Повикот е објавен од страна на извршната агенција во 2007 и е отврорен до 30.06.2013. Повеќе информации за повикот може да најдете на следната веб адреса: http://eacea.ec.europa.eu/about/call_experts/call_experts_2007_en.php Конференција по повод 25 годишнината од активноста на Европската Комисија, Европска метропола на културата, 23 -24 март 2010 година, Брисел. |