Од 10 до 12 јули 2008 година за врeме на француското претседателство со ЕУ ќе се одржи редовниот состанок на мрежата на Културно контактните точки за Програмата Култура 2007 – 2013 на ЕУ. Состанокот кој ќе се одржи во Авињон е во организација на Министерството за култура и комуникација на Франција и Културно контактната точка на Франција.
Темите на тридневната средба се однесуваат на стратешката рамка и приоритетите на Културната Програма и тоа: мобилност на уметниците и уметничките производи; културата и одржливиот развој; иновативност ( економска, технолошка, социјална..) и креативност во културниот сектор, меѓународна соработка во европската културна област преку заштита и промоција на културната разноликост, интеркултурниот дијалог, улогата на културата во развојните политики ...На средбата во Авињон покрај културно контактните точки и претставниците на Европската Комисија ќе учествуваат и професионалци од културниот сектор од земјите учеснички во Културната Програма.
Повеќе информации можете да најдете на веб страната на ККТ Франција