Каде се објавуваат повиците за аплицирање?

Програмата се реализира преку годишни конкурси за годишни и повеќегодишни проекти од областа на: сценската и музичката уметност, културното наследство, визуелната уметност, архитектурата, книжевноста, преводите и останатите дисциплини од областа на културата со ислучок на аудиовизуелниот сектор.

Апликациите и релевантната документација за секоја компонента и подделовите може да се преземат од веб-страницата на Извршната агенција под менито Можности за финансирање:

http://eacea.ec.europa.eu/culture/funding/2010/index_en.php

Од 2009 година постојат две различни посебни процедури за доставување на апликациите.

  1. Онлајн-електронската апликација (делови 1.1, 1.2.1, 1.3, 2) треба да биде доставена најдоцна до 12 часот на денот што е предвиден за краен рок и тоа да е придружено со доставување на апликацијата и дополнителната документација до 16 часот истиот ден по пошта (види Водич за аплицирање)

  2. Доставување на апликацијата и на дополнителната документација само по пошта (Дел 1.2.2, Литературни преводи)


Инструкциите за аплицирање на новата апликација во е-форма може да се најдат на следнава веб-страница:

http://eacea.ec.europa.eu/culture/programme/how_apply_en.php


Преземање на новата апликација во е-форма

http://eacea.ec.europa.eu/eforms/index_en.php#1


Напомена: За да може да се превземе и пополни е-формата потребно е да се инсталира Adobe Reader – верзија 8.1.5. Оваа верзија може да ја инсталирате на вашиот компјутер

http://get.adobe.com/fr/reader/otherversions/

Испраќање на принтана верзија на апликацијата до Извршната агенција

*** Треба да се почитува календарот за испраќање на он-лајн и на принтаната верзија на апликацијата, кој се објавува на веб-страницата на Извршната агенција

http://eacea.ec.europa.eu/culture/programme/calendar_en.php



Принтаната верзија на апликацијата во е-форма и дополнителните документи што треба да се испратат до Извршната агенција треба да содржат:


  1. Официјално пропратно писмоcover letter потпишано од координаторот


  1. Една принтана верзија на поднесената е-форма


  1. Една копија од принтаните анекси од е-формата (детален опис на проектот, потпишана Декларација за лојалност и буџетски формулар)


Останати дополнителни анекси (кои се поднесуваат само во принтаната верзија).

Нивните формулари ќе ги најдете на следнава веб-страница:

 

http://eacea.ec.europa.eu/culture/funding/2010/index_en.php (за различните компоненти и подделовите се различни)

Принтаната апликација и дополнителната релевантна документација во согласност со крајниот рок за аплицирање треба да се достави (по пошта, по брза пошта или испорачана на рака од самиот апликант) до Извршната агенција на следнава адреса

Education, Audiovisual & Culture Executive Agency
Culture Programme (2007–2013)
Programme Strand ______ (ве молиме овде да го посочите името и бројот на компонентата за која аплицирате)
Avenue du Bourget 1
(BOUR 04/13)
B – 1140 Brussels
Belgium

При подготовката на вашата апликација консултирајте ја Културно-контактната точка на Република Македонија што е одговoрна за имплементација на Програмата „Култура 2007-2013“ на ЕУ на национално ниво:


Културно-контактна точка за Програмата „Култура 2007-2013“

Министерство за култура на Република Македонија

ул. „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, бб

објект „Нова Македонија (кат 3)

1000 Скопје


тел: 3 207 446

факс: 3 207 434

е-пошта: office@ccp-macedonia.gov.mk

Web Site: www.ccp-macedonia.gov.mk


Повиците за аплицирање се објавуваат во јуни, а крајните рокови за Компонентите и подделовите на Програмата се различни.

Крајни рокови за доставување на проектните апликации за компонентите и подделовите се различни. Види Водич низ Програмата Култура 2007 – 2013 и Календар

Напомена:
Со цел да го запазите рокот за доставување на проект треба да започенете со изработка на вашиот проект и пред објавувањето на повикот за аплицирање особено ако се земе во предвид дека условите за аплицирање во Програмата не се менуваат многу од година во година. Роковите за доставување на проектите мора да бидат запазени. При подготовка на проектните предлози и нивното време траење, консултирајте го
Водичот низ Програмата Култура 2007 – 2013 и Календар.


Формуларите за аплицирање можат да бидат пополнети на било кој јазик на Унијата, со тоа што е пожелно поради побрза обработка да бидат поднесени на англиски, француски или германски јазик