Програмата се остварува преку годишни конкурси за годишни и повеќегодишни проекти од областа на: сценската и музиката уметност, културното наследство, визуелната уметност, архитектурата, книжевноста, преводите и останатите дисциплини од културната област со ислучок на аудиовизуелниот сектор.

Повиците за аплицирање со додатната документација ( проектните формулари, спецификациите и сл.) се објавуваат на:

  • веб страната на Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика www.eacea.ec.europa.eu/culture/index_en.htm
  • на веб страната ККТ Македонија
  • на веб страните на ККТ за земјите учеснички во Културната Програма http://ec.europa.eu/culture/annexes-culture/doc1232_en.htm
  • Повиците за аплицирање се објавуваат една година порано од почетокот на имплементација на предвидените активности во рамки на проектите ( пр. За 2009 се објавува во 2008)
  • Повиците за аплицирање се објавува во јуни а крајните рокови се различни и се наведени во самите проектни формулари

До кого се доставува проектната апликација?

Проектните апликации се доставуваат не подоцна од предвидените крајни рокови за аплицирање за секој Дел од Културната Програма посебно, како што е наведено во апликационата документација. Проектните апликации треба да бидат доставени по пошта ( со датумот на испраќање), преку брза пошта ( со датум на испорака потврдена од поштенскиот сервис) или да се достави лично од страна на самите кандидати до 16 часот. Во тој случај потврдата за доставување треба да биде потпишана и издадена од службеник во Централното поштенско одделение. Одделението е отвроено од 08.00 до 17.00 од понеделник од петок. Одделението не работи во сабота и недела и за време на празниците на Европската Комисија. Не смее да се прават промени во досието окткако апликацијата е доставена. Доколку е потребно појаснување на одредени аспекти во самата апликација, Извршната Агенција може да ги контактира апликантите.

Проектните апликации се доставуваат на следната адреса:

Education, Audiovisual & Culture Executive Agency
Culture Programme (2007–2013)
Programme Strand _______ → [please indicate here strand name and number on which you apply]
Avenue du Bourget 1
(BOUR 04/13)
B – 1140 Brussels
Belgium

Напомена:
Со цел да го запазите рокот за доставување на проект треба да започенете со изработка на вашиот проект и пред објавувањето на повикот за аплицирање особено ако се земе во предвид дека условите за аплицирање во Програмата не се менуваат многу од година во година. Роковите за доставување на проектите мора да бидат запазени.

Формуларите можат да бидат пополнети на било кој јазик на Унијата, со тоа што е пожелно поради побрза обработка да бидат поднесени на англиски, француски или германски јазик.

Одобрени проекти од минатата година