Програмата Култура 2007 – 2013 е втора рамковна програма на Европската Заедница, донесена со одлука на Советот на Европската унија (ЕУ) и Европскиот парламент бр. 1883/2006/ЕК од 12 декември 2006 година. Програмата Култура временски дeтерминрана да се спроведува во периодот 2007 – 2013 година претставува инструмент за соработка во областа на културата помеѓу културните оператори на 35-те земји потписнички на Меморандум за разбирање, како продолжение на Програмата Култура 2000 (2000 - 2006).

Со буџет од 400 милиони евра Програмата овозможува да се ко – финансираат околу 230 различни дејствија од областа на културата во рамки на една година.

Генерални цели:

Програмата е основана со цел да ја унапреди културната област заедничка за жителите на Европа, а која почива врз заедничко културно наследство, преку развој на културната соработка помеѓу културните оператори од земји учеснички во Програмата.

Конкретни цели:

  • Поттикнување транснационалната мобилност меѓу уметниците и вработените во културниот сектор.

  • Поттикнување транснационалната мобилност на културните и на уметничките дела и производи.

  • Промоција на интеркултурниот дијалог.