Програма Култура 2007 - 2013

Програмата Култура 2007 - 2013 е програма на Европската Заедница донесена со одлука на Советот на Европската унија (ЕУ) и Европскиот парламент бр. 1883/2006/ЕЗ. Културната Програма која е временски дeтерминрана да се спроведува во периодот 2007 – 2013 година (Decision No 1855/2006/ЕC, 12 December 2006)(attachment Decision) претставува инструмент за соработка во областа на културата помеѓу културни оператори на 34-те земји потписнички на Меморандум за разбирање, како продолжение на Програмата Култура 2000 (2000 - 2006).

Буџетот на Културната Програма изнесува 408 милиони евра за периодот од 2007 -2013 година предвидени за ко–финансирање (50% од вкупниот износ на даден проект) на одобрените проекти

Земји учеснички во програмата:

  • 27 те земји членки на ЕУ
  • 3 те земји на Европската економска област ( Норвешка, Линхенштајн и Исланд)
  • 3 те земји со кандидадски статус ( Турција, Хрватска и Македонија)
  • Земјите од Западен Балкан ( Србија )

Генерални / општи цели на Програмата

Да се помогне во зајакнувањето на областа на културата што ја делат европејците, заснована на заедничкото културно наследство, а преку развој на културната соработка меѓу уметници, чинители и институции од културата во земјите-учеснички во Програмата со цел да се охрабри никнувањето на европското граѓанство.

Конкретни цели:

Конкретни цели на програмата се поддршка, поттикување и унапредување на транснационална мобилност на културните оператори ( на сите оние кои работат во секторот за култура во ЕУ и земјите потписнички на Меморандум за разбирање); транснационална распространетост на уметничките дела и културните производи и зајакнување и промоција на интеркултурниот дијалог.