

Cultural contact point Macedonia - Културна контактна точка Македонија
Информации за организациите и проектите финансирани од страна на Програмата Култура се достапни на следната веб адреса:
http://eacea.ec.europa.eu/culture/results_compendia/results_en.php
EVE
ЕVE е електронска платформа за распространување и користење на резултатите на проектите поддржани и имплементирани од Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија.
ЕVE е нова достапна алатка што функционира од март 2009 година за проекти од програмите на Заедницата: „Доживотно учење“, „Култура“, „Млади во акција“ и „Европа за граѓаните“, со цел да бидат видливи на веб-страницата на Европската унија. ЕVE обезбедува информации за имплементацијата на проектите што ги објавуваат самите проект-координатори.
ЕVE не е само иновативна алатка што дава информации за резултатите и за развојот на новоподдржаните проекти, туку оваа платформа ги содржи и резултатите од стотици проекти финансирани во периодот од 2000 до 2006 година во образовните програми: Леонардо да Винчи, Европа за граѓани (вклучувајќи ги Комнениус, Грундвинг, Еразмо итн.) и Програмата „Култура 2000“.
http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/eve/
Проекти поддржани од Програмата култура во кои се вклучени македонски културни оператори:
2006
1. Европски крал на карневалите ( Мерки за соработка Дел 1.2.1)
Сектор: сценско-изведувачки уметности
Период: 14.11.2007-13.11.2009
Координатор: Museo degli Usi e Costumi della Gente Trentina, Italy
Коорганизатор: Ethnographic Institute and Museum, Bulgarian Academy of Sciences, Bulgaria
Musee des Civilisations de l’Europe et de la Maditeranee, France Etnografski Muzej, Croatia
Nacionalna Ustanova Muzej na Makedonija, Macedonia
http://www.carnivalkingofeurope.it
http://www.mcu.es/cooperacion/docs/MC/ProyecSelecc/Cooperation_Measures_2007.pdf
Во голем број рурални заедници на просторот од Балканот до Ибер, преку Централна Европа, Алпите и италијанскиот полуостров, идентификувани се сличности во зимските карневалски ритуали, со кои се најавува почетокот на новата земјоделска година, како: присуство на маскирани пантомимичари што носат ѕвонци за крави, придружени од танчари облечени во бело со долги конусни капи на главите. На селскиот плоштад им се придружува колона која емитира свадбарска поворка; потоа сцените со мечката и бркање на мечката; судењето и осудувањето на смрт на главниот лик, кој најчесто е персонификација на самиот карневал.
Денес, иако етнолозите и историчарите од областа на културата сè уште немаат единствено толкување за распространетоста на овој феномен низ Европа, сепак, овој вид ритуали е дел од заедничкото европско културно наследство.
Цел на проектот е подигнување на свеста кај младите во Европа за оваа специфична тема и создавање мрежа во која се вклучени професионалци од оваа конкретна област, која ќе придонесе за понатамошни научни истражувања што се однесуваат на карневалот и за значењето на неговата важност и понатамошниот развој на студиите од оваа област. Овој проект овозможи европските граѓани да ја почувствуваат припадноста/поврзаноста на ниво на Европа надвор од локалните граници.
2. Насмевките на Дионис – Театар Компас Север – Југ ( Мерки на соработка Дел 1.2.1)
Сектор: Сценско изведувачки уметности
Период: 2007 -2009
Координатор: The Rhodopean Drama Theatre”Nikolai Haitov” Bulgaria
Коорганизатори:
Alternativ Muveszeti Alapitvany – Hungary
Naroden Teatar Bitola - Macedonia
Проектот се реализираше во три фази: Подговтителна, во која секој од театрите вклучени во проектот ре – креираа драмски изведби произлезени од земјите вклучени во проектот на нивниот мајчин јазик; Создавање на заедничка драмска изведба преку заеднички работилници и проби во земјата домаќин; Дистрибуција на продговтвен драмски продукт дирекно преку патувачка претстава во земјите партнери.
http://www.mcu.es/cooperacion/docs/MC/ProyecSelecc/Cooperation_Measures_2007.pdf