

Cultural contact point Macedonia - Културна контактна точка Македонија
Кој може да учествува?
Квалификувани активности и апликанти
Програмата ги поддржува проектите, организациите, промотивните активности и истражувањата од сите области на културата и културната соработка, освен активностите кои директно се однесуваат на аудио-визуелниот сектор, за кои е наменета посебна Програма на Европската заедница наречена MEDIA.
Културните оператори, како и организациите кои се занимаваат со активности од областа на култура, можат да земат учество во Програмата под услов да дејствуваат како непрофитни културни субјекти.
Критериуми кои апликантите треба да ги исполнуваат за учество во Програмата:
-
да бидат јавни или приватни организации со статус на правно лице, чии основни активности се од сферата на културата (културни и креативни сектори)
-
да имаат регистрирано правно седиште во една од земјите учеснички во Програмата.
-
да поседуваат финансиски и оперативни капацитети
Физичките лица не се квалификувани да аплицираат за грант според оваа Програма.
Земји квалификувани за учество во Програмата:
-
Земјите членки на ЕУ;
-
Земјите на ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка);
-
Земји кандидати за членство во ЕУ (Хрватска, Турција, Македонија)
-
Земјите потенцијални кандидати за членство во ЕУ кои имаат потпишано Мемораднум за разбирање со Европската Комисија за учество во Програмата Култура: Србија и Црна Гора
Земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина ) можат да се вклучат во Програмата под услов да потпишат Меморандум за разбирање за учество во Културната Програма. Сите земји кои не се вброени во горната листа на квалификувани земји односно немаат потпишано Меморандум за разбирање со Европската Комисија се нарекуваат трети земји.