Програмата е отворена за учество на сите културни оператори со ислкучок на аудио-визуелниот сектор за кој постои посебна Програма на ЕУ, Медиа 2007 -2013.
Кој може да аплицира?
- Сите културни оператори од земјите учеснички во програмата: 27 те земји членки на ЕУ, 3 те земји на Европската економска област (Норвешка, Линхенштајн и Исланд, 3 те, земјите со кандидадски статус (Турција, Хрватска и Македонија), земјите од Западен Балкан ( Србија )
- Јавни, национални, локални културни институции/организации, културни установи , невладини организации (НВО), здруженија на граѓани, приватни организации од областа на културата, малите креативни индустрии, универзитетите и сл.
- Наведените културни оператори треба да имаат регистриран правен статус во кој главната активност им е од областа на културата (регистрирани канцеларии во земјите кои учествуваат во Програмата)
- Апликантите треба да поседуваат финансиски и оперативни/менаџерски капацитети
Напомена: Во Програмата Култура 2007 – 2013 не може да аплицираат културните оператори од аудиовизуелната и кинематографска област за кои постои посебна програма на ЕУ, Медиа 2007 – 2013.
Приоритни проекти:
- Изведби од областа на сценско изведувачките уметности, изложби кои ја промовираат, поддржуваат и потврдуваат европската соработка меѓу културните оператори
- Активности кои ја поттикнуваат мобилноста меѓу уметниците, дизајнерите, културните оператори и другите културни творци, особено ако тие се водени од професионалци
- Тренинг сесии и сесии за размена на знаење и искуства, најдобра пракса, особено ако тие се водени од професионалци
- Културни и уметнички активности кои го промовираат интеркултурниот дијалог меѓу земјите учеснички во Програмата
- Активности иницирани од културните/креативните индустрии кои во рамки на проектот реализираат непрофитни активности
- Користење на нови технологии во процесот на уметничката креативност во смисол да ги поттикнуваат и поддржуваат активностите за развој на културна соработка на европско ниво
Не се приоритети:
- продукција и одржување на веб страни
- продукција на магазини и весници
- организирање на семинари и состаноци
- продукција на студии и извештаи
Не се поддржуваат:
- Проекти предложени од организатор или коорганизатор кои веќе доставиле проект претходната година за иста активност
- Проекти кои се веќе поддржани за иста активност од страна на други фондови на ЕУ
- Проекти во кои цел се секојдневните оперативни активности на организаторот или коорганизаторот.